Женската ракометна репрезентација на Македонија до 19 години, ја забележа втората победа и се квалификуваа на Европското првенство кое во август ќе се одржи во Валенсија, Шпанија.
По вчерашниот триумф над Исланд со 22:20, попладнево младите македонски ракометарки, ја совладаа селекцијата на Холандија со 26:19.
Најефикасна во нашата селекција беше Теодора Ќерамичиева која постигна 10 голови, додека Ангела Тодоровска придодаде 6, а Сара Ристовска беше стрелец на 4 гола.
Ова беше натпревар од 2.коло во првата квалификациска група, чиј домаќин е Скопје, односно натпреварите се играат во СРЦ „Кале’’.
Во првиот меч од денешната програма Црна Гора беше подобра од Исланд со 23:17.
Па така, утрешниот меч меѓу Македонија и Црна Гора кој ќе се игра од 18 часот и 30 минути, директно ќе решава за првото место на табелата.