Женската ракометна репрезентација на Македонија одигра нерешено 26:26 со силната Русија во натпревар од 3.коло во Б-групата на Европското првенство за играчи до 19 години што се одржува во Шпанија.
И покрај добриот настап во групната фаза каде се остварени по едена победа, нерешено и пораз, сепак загубениот дуел од Германија изразен со 10 голови е причина Македонија да разигрува за пласман од 9 – 16.место, а не да се бори за горните позиции.
На вториот натпревар од оваа рунда Германија – Литванија 31:19.
Табела: Русија 5 бодови, Германија 4, Македонија 3, Литванија 0.