Младите македонски ракометари настапуваат на турнир во Бугојно

Од:

Македонската ракометна репрезентација до 18 години, утрово од 9 часот со натпревар против Хрватска го отвора силниот меѓународен турнир во Бугојно, Босна и Херцеговина.

Нашите ракометари во текот на вчерашниот ден пристигнаа во Бугојно, а синоќа одработија и тренинг во салата каде ќе се играат натпреварите, како последна подготовка пред стартот.
На турнирот ќе настапат вкупно осум репрезентации, а Македонија е во група со Хрватска, Полска и Катар.

Покрај средбата против Хрватска, Македонија денеска ќе одигра и уште еден натпревар од групната фаза – против Катар од 19:15 часот.

За утре е закажан дуелот против Полска, по што во зависност од пласманот во групата, во втората фаза од турнирот ќе се разигрува за конечен пласман.

Би можело да ве интересира

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ