По повод Денот на општина Гази Баба, во спортската сала Методија Андонов Ченто во населба Маџари, денеска ќе се одржи младински ракометен турнир за девојчиња генерација 2000 година и помлади.
Настанот е под покровителство на општина Гази Баба, а ќе се одржат полуфинални и финални натпревари меѓу првата и втората екипа на РК Вардар и РК Металург.
Градоначалникот Тони Трајковски им додели пехар за освоено прво место на првата екипа на РК Вардар, за освоено второ место на првата екипа на РК Металург и за трето место на втората екипа на РК Вардар, информираа од општината.