Младинската ракометна репрезентација на Македонија попладнево во Дубровник ги доби ривалите во групата од Европското првенство што од 28 јули до 7 август годинава ќе се игра во данските градови Колдинг и Вамдруп.
Македонија се наоѓа во групата Ц заедно со домаќинот Данска, Норвешка и Холандија.
Во групата А ќе играат селекциите на Франција, Швајцарија, Србија и Полска. Б групата ја сочинуваат Шпанија, Исланд, Словенија и Русија, додека во Д група се репрезентациите на Унгарија, Германија, Хрватска и Шведска.
Двете првопласирани селекции од секоја група ќе играат во борбата за медалите. Европски шампион пред две години беше селекцијата на Германија.