Младите џудисти, Арбреша Реџепи и Хамза Јашари, ја надополнија својата домашна колекција од пехари и златни медали со уште едно интернационално признание. Овој пат, го освоија Меѓународниот турнир „8 Куп Мокошице-2014“, кој се одржа во Дубровник, Република Хрватска. На турнирот, кој се одржува по осми пат, учествуваа екипи од Црна Гора, Србија, БиХ, Словенија и Хрватска.
Џудистите од Карпош ја покажаа својата сила и храброст и беа супериорни над своите противници. Целта на победите, како што велат младите спортисти е постигнување на високи резултати кои ќе придонесат за нивна лична сатисфакција, афирмација на спортот и на државата, но и за збогатување на галеријата со медали и пехари од златен сјај на европско, светско и олиписко ниво.