Ново изненадување на терените на Ролан Гарос откако денеска Французинката Кристина Младеновиќ успеа да ја елиминира втората носителка На Ли од Кина. Младеновиќ мечот го доби во три сета со 7:5; 3:6 и 6:1 во сетови. За кинеската тенисерка ова беше осми настап на Ролан Гарос и првпат е елиминирана во 1.коло, додека 2011 година беше победничка на турнирот.
Мечевите во првото коло денеска завршија и за 11.носител кај мажите Григор Димитров од Бугарија. Поуспешен од него беше Хрватот Иво Карловиќ, кој постигна победа со 3:0 (6:4; 7:5 и 7:6) во сетови.
Од фаворитките без проблеми пласман во второто коло обезбеди Романката, Симона Халеп (4.носителка), која загуби само два сета (6:0 и 6:2) во мечот со Алиса Клејбанова од Русија.
Првата рунда ја мина и ланскиот финалист Давид Ферер (5.носител), кој со 3:0 во сетови (6:4; 6:3 и 6:1) го победи Игор Сијслинг од Холандија.