МКФ му одговори на Работнички: Титулата за никого не е резервирана

Од:

Македонската кошаркарска федерација (МКФ) денеска преку соопштение го изнесе својот став околу јавно искажаните сомневања од страна на раководството на Работнички дека однапред се знае шампионот на Македонија. МКФ истакнува дека титулата не е резервирана за никого и до неа ќе дојде најдобрата екипа.

Соопштението на МКФ го пренесуваме во целост:

– Вашите написи и официјални соопштенија кои континуирано ги презентирате во јавноста предизвикуваат огромна штета, не само на натпреварувањето, лигата и федерацијата, туку и на клубот што го раководите, а кој е нераскинлив дел од Македонската кошарка.

Изнесувате тврдења во чија вистинитост нема да навлегуваме, затоа што како и сите останати клубови во лигата и членки на Федерацијата, имате право на секоја одлука што е донесена да упатите жалба и аргументирано да се изборите за евентуалните неправилности (што не е сторено од ваша страна). Исто така, имате право и од надлежните органи да побарате индивидуална одговорност доколку сметате дека некое лице неправилно ја извршува својата функција.

Сето друго спротивно на ова и изнесување на обвинувања и тврдења единствено по медиумите, а не и нивно процесуирање низ системот, само покажува дека и вие самите не верувате во тоа што го изнесувате.

Во ниеден момент никој не ги оспорува вашите шампионски амбиции, ниту спортската политика на клубот. Единствено ве повикуваме да се посветите на она на што и самите јавно повикувате, натпреварите да се решаваат на терен. На теренот, како и досега, ќе победува подобриот, а не „некој кому титулата однапред му е резервирана”. Тоа не било така ни кога вашиот клуб ги освојуваше многубројните титули, а нема да биде случај ни во иднина, се наведува во соопштението на МКФ.

Би можело да ве интересира

Сопругата на латвискиот кошаркар е осомничена дека го нарачала неговото убиство

Предраг Петровиќ

Раул Нето го раскина договорот со Барселона

(ВИДЕО) Лесор, кошаркарот на Панатинаикос, заработи тешка повреда

Горан Наумовски

Кошаркарите на Милвоки и Оклахома во финалето на НБА Купот

(ВИДЕО) Има 18 години, а висок е 236 сантиметри – џин беше уште во градинка

А1он

Евролигата го казни Партизан со 50.000 евра за инцидентите на мечот со Олимпијакос