МК Ендуро Тим Водно ќе се натпреварува во Европскиот брзински шампионат

Од:

Мото клубот Ендуро Тим Водно од Скопје кој официјално е основан во јануари оваа година ќе ја претставува Македонија на БМУ Европскиот брзински мото шампионат, беше соопштено на денешната прес-конференција.

Првенство ќе почне и ќе заврши во Серес, Грција, ќе брои 14 трки во девет натпреварувачки викенди, а првиот викенд е од 7-9 април.

Клубот пријави двајца возачи оваа сезона. Христијан Бузалковски ќе учествува во категоријата СП 125.

-Пред две години бев трет во Генералниот пласман од вкупно 16 мотоциклисти, а лани, и покрај повредите и техничките проблеми, го освоив шестото место од вкупно 18 натпреварувачи. Се надевам дека оваа сезона ќе биде подобро. Ендуро Тим ни нуди одлични услови, тим со позитивна енергија, желба за остварување добри резултати, а тоа е тоа што и треба мене, изјави Бузалковски.

Вториот возач е Игор Спиров кој ќе биде дебитант во Европскиот мото шампионат во класата Ф 1000 (Формула илјада).

Спиров минатите сезони возеше во Ф 600 класата. Негов најдобар пласман е 4.место во Источноевропскиот шампионат со само три бода помалку од трето пласираниот возач во конкуренција на 38 натпреварувачи.

Од МК Ендуро Тим Водно најави и организирање на рели „Оф Роуд“ низ цела Македонија заеднички со МК Александар.

Од Ендуро Тим најави и учество на ендуро трки надвор од Македонија.

Би можело да ве интересира

Бузалковски ја одбрани титулата на БМУ Европски шампионат

Ана Ололовска

Бастијанини од следната сезона во Дукати

Мото ГП: Бањаја ја освои ГН на Сан Марино

Ана Ололовска

Бузалковски БМУ Европски шампион за 2021

Ана Ололовска

Валентино Роси најави пензионирање

Мотоциклистот Дупаские почина од повреди здобиени при пад на трка

Ана Ололовска