„Митсубиши Еволушн“ од 2015 година ќе нема наследник

Од:

Претставувајќи го моделот „Лансер Еволушн Х“ за 2015 година наменет за американскиот пазар, „Митсубиши“ потврди дека не планира негов директен наследник.

Иако актуелниот модел е повлечен од многу пазари заради слабата продажба, „Ево Х“ ќе биде достапен во САД барем уште една година.

Моделот за 2015 година ќе почне да се произведува во текот на јули, со два нивоа на опрема.

Двете верзии ќе добиваат погон од 2.0-литарски четирицилиндричен турбо-бензинец со 295 кс (217 кW) и 406 Нм максимален обртен момент.

Моторот е поврзан со петстепен мануелен или шестбрзински Twin-Clutch Sportronic Shift Transmission (TC-SST) со двоен кумплунг со стандарден погон на сите четири тркала.

„Митсубиши“ истовремено соопшто дека компанијата по 2015 година не планира наследник што, како што тоа беше до сега, ќе биде темелен на концептот на спортски седан со силен турбо-бензински мотор и погон на четири тркала.

Од друга страна, јапонскиот производител наведува дека ќе ја разгледа можноста неговите идни спортски модели да ја користат технологијата на електричните возила, додека технологијата што е развивана за „Ланцер Еволушн“ ќе го продолжи својот живот преку некои други „Митсубиши“ автомобили во следниот период.

„Митсубиши“ серијата модели „Еволушн“ ја лансираше во 1992 година. За повеќе од две децении, колку автомобилот е присутен на пазарот, се променија десет „Еволушн“ генерации.

Во Јапонија вкупно се продадени околу 92.000 примероци, а ширум светот уште 154.000 автомобили.

Би можело да ве интересира

Летечки автомобил би можел да се најде на пазарот до 2020 година

Емир Латифовиќ

„Голф“ најпродавана марка во Шведска, „Волво“ падна на второ место

Емир Латифовиќ

Моделот „Сузуки Свифт“ за 2017 година ќе има пет врати

Емир Латифовиќ

Ford се откажа од фабриката во Мексико во вредност од 1,6 млрд долари

Емир Латифовиќ

Големите и скапи СУВ модели се побарани во 2016.

Емир Латифовиќ

„Ауди“ во Унгарија произведе милион возила и 30 милиони мотори

Емир Латифовиќ