Александар Митровиќ, српскиот фудбалер, се приклучи на тренингот на Фулам во Лондон.
Иако се пишуваше дека Александар Митровиќ кариерата ќе ја продолжи во Ал Хилал заедно со Сергеј Милинковиќ-Савиќ, се чини дека тоа нема да се случи.
Фулам не бил задоволен од понудата на клубот од Ријад, а таму сакал Митровиќ, и според пишувањето на британскиот печат, целата зделка пропаднала, Митровиќ останува во Фулам.
„Да, Митровиќ се врати. Тоа е процес и ситуацијата не е лесна. Не сум тука да зборувам за преговори и клубови кои се поврзани со него. Тука сум да зборувам за моите играчи. Да, тој е во група со други играчи. Се надеваме дека ќе успееме да го ’подготвиме’ што е можно подобро во следните неколку дена“, изјави Марко Силва, тренерот на Фулам.
Понатаму во текстот се наведува дека Ал Хилал сега се насочил кон нова мета и дека го сака Осимен од Наполи.