Миркуловски успешно опериран

Од:

Врз македонскиот ракометен репрезентативец и член на Металург синоќа во австрискиот град Шрунс беше извршена операција на коленото. Оперативниот зафат го изврши прочуениот хирург, д-р Шенк.

Овој хирург поради слични повреди има оперирано повеќе познати спортисти, а пред седум години кај Шенк се оперираше и тогашната светска првенка во скијање, Јаница Костелиќ.

Операцијата врз македонскиот ракометар е успешна, а рехабилитацијата ќе трае околу два месеца.

– Операцијата помина во најдобар ред и јас се чувствувам добро. На терен ќе се вратам за 6 до 8 седмици, изјави Миркуловски за веб страната на Металург.

Македонскиот вицепрвак утре од 18 часот го игра натпреварот од 2.коло во Лигата на шампионите против тимот на ПСЖ, а Миркуловски и да беше здрав немаше да има право на настап на овој меч поради казната добиена од ЕХФ за црвениот картон на дуелот со Тун.

Би можело да ве интересира

Се онесвести на паркет данскиот судија кого го пцуеја Македонците за „грабежот“ против Холандија на СП во Вараждин

А1он

(ВИДЕО) Илјадници граѓани на Бан Јелачиќ ги чекаат хрватските ракометари

Португалија во транс, Мартим ја одведе во полуфинале

Комплетирано 1/4 финале: Кој против кого до битката за медали?

Хрватска го „скрши“ Исланд и се доближи до четвртфиналето

Бразилските ракометари ја победија Шведска и ја оставија без осминафинале

А1он