Миркуловски и Талески последни доаѓаат во репрезентацијата

Од:

Македонската ракометна репрезентација која од понеделникот ги одработува подготовките за Европското првенство, денеска ќе се комплетира.

Последните во селекцијата на Раул Гонзалес ќе се приклучат Филип Миркуловски и Филип Талески кои синоќа ги играа последните натпревари за своите клубови во Германија.

Според планот за работа, македонските репрезентативци до крајот на календарската година ќе продолжат редовно да тренираат во Скопје, а на почетокот на следната, поточно на 4 и 5 јануари, ќе одиграат две контролни средби во Белград против селекциите на Саудиска Арабија и Србија.

По Божик репрезентацијата продолжува со тренинзите во Скопје, а заминувањето за Загреб е предвидено на 12 јануари.

На Европското Првенство, Македонија се наоѓа во група со Германија, Словенија и Црна Гора. Првата средба ја игра против Словенија на 13 јануари, два дена подоцна се среќава со Црна Гора, додека во последната средба во групата противник ќе и биде актуелниот европски шампион – Германија.

Првопласираните три репрезентации од групата продолжуваат во втората фаза што ќе се игра во Вараждин.

Би можело да ве интересира

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ