„МINI“ во фабриката во Грац произведе 250.000 „Countryman“

Од:

Компанијата „МINI“ информира дека од производните ленти во фабриката во Грац се симна „Countryman“ со редниот број 250.000.

До јубилејниот примерок „МINI“ стигна по две и пол години од појавувањето на овој модел на пазарот.

„Countryman“, што светската премиера ја имаше на авто-салонот во Женева 2010 година, по многу нешто е важен модел за овој производител. Тоа е првиот „МINI“ со пет врати и пет седишта. Исто така, станува збор за првиот СУВ автомобил на оваа автомобилска марка (сега во сопственост  БМВ) што како опција имаше АЛЛ-4 погон на сите четири тркала.

„MINI Countryman“ е достапен на пазарот во шест верзии. Покрај основниот  модел „One“ со 98 КС, тука се и базниот дизелаш „One D“ со 90 КС, потоа бензинците, „Cooper“ што развива 122 КС и „Cooper S“ со 184 КС, и уште два дизел модела, „Cooper D“ сo 112 кс и „cOOPER SD“ си 143 КС.

Врвот на понудата го сочинуваат „Countruman John Cooper Works“ со 1.6 литарски турбо-полнет мотор што произведува 218 КС.

„MINI“ во 2012 година на купувачите ширум светот им испорача 102.250 автомобили со ознакаата „Countrуman“.

Би можело да ве интересира

Пред пропаѓање и италијанската автомобилска индустрија

Приведени двајца штипјани кои запалиле автомобил и вршеле изнуда

Предраг Петровиќ

Годинава увезени повеќе автомобили, и нови и половни

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on