Минесота немоќна да го запре Мајами

Од:

Шампионот Мајами ја продолжи серијата победи и сега има 15 во низа откако ноќеска ја совлада Минесота на гостински терен. Домашната екипа настапи ослабена бидејќи поради повреди не играа Кевин Лов, Андреј Кириленко и Никола Пековиќ.

Во победничката екипа тандемот Двејн Вејд и Леброн Џејмс беа исклучително расположени: Вејд постигна 32 поена, со 10 асистенции, а Леброн Џејмс имаше 20 поени и 10 скокови.

Резултати на натпреварите од НБА лигата одиграни ноќеска: Кливленд – Њујорк 97:102, Милвоки – Јута 109:108 (продолжение), Њу Орлеанс – Орландо 102:105, Минесота – Мајами 81:97, Денвер – Атланта 104:88, Портланд – Шарлот 122:105 и Голден Стејт – Торонто 125:118.

Вечерва се играат три натпревари: Филаделфија – Бостон, Оклахома Сити – Лос Анџелес Лејкрес и Сакраменто – Денвер.

Пласман Источна конференција: Мајами 44-14 (победи-порази), Индијана 38-22, Њујорк 36-21, Чикаго 34-26, Бруклин 34-26, Атланта 33-26,…

Пласман Западна конференција: Сан Антонио 47-14, Оклахома Сити 43-16, Лос Анџелес Клиперс 43-19, Мемфис 39-19, Денвер 39-22, Голден Стејт 34-27,…

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тепачка во НБА: Шлаканици и боксови меѓу Нуркиќ и Маршал

Кошаркарите на Милвоки и Оклахома во финалето на НБА Купот

Вака изгледа спалната соба на НБА кошаркарот Стивен Адамс иако заработил 145 милиони евра

Предраг Петровиќ

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ