Минесота ја прекина серијата победи на Портланд

Од:

Во НБА лигата ноќеска се одигра само еден натпревар, кој беше одложен на 6 март. Екипата на Минесота ја прекина серијата од шест победи на Портланд и оствари триумф на домашен терен од 110:109 (29:23, 20:34, 37:26, 24:26).

Двоецот Карл – Ентони Таунс и Ендрју Вигинс беа најефикасни кај победникот со 34 односно 29 поени, додека во редовите на Портланд најпрецизен беше Дамиан Лилард со 25 поени.

Портланд се наоѓа на осмото место на „Запад“ со сериозни шанси да ја задржи таа позиција со две победи повеќе и еден пораз помалку од Денвер.

Пласман во плеј офот имаат обезбедено 11 екипи: Бостон, Кливленд, Торонто, Вашингтон (Источна конференција), Голден Стејт, Сан Антонио, Хјустон, Јута, ЛА Клиперс, Оклахома Сити и Мемфис (Западна конференција).

Регуларниот дел на сезоната трае до 12 април, а на 15 април почнува плеј-офот.

Би можело да ве интересира

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот