Милиќ го предводеше Вардар до триумф на гостувањето кај Сегед

Од:

Голманот на Вардар, Страхиња Милиќ ги предводеше „црвено-црните“ до значаен триумф вечерва на гостувањето во Унгарија кај Пик Сегед во 13.коло од Б-групата во Лигата на шампионите.

Вардарци славеа со 31:29 и се на добар пат во следната, елиминациска фаза да добијат полесен противник.

Милиќ, кој во игра влезе во финишот на првото полувреме натпреварот го заврши со 13 одбрани или повеќе од половина упатени удари кон неговиот гол.

Во нападот одличен беше Хорхе Македа со осум погодоци, Алекс Душебаев даде пет, Сергеј Горбок имаше четири реализации.

Во домашниот состав се истакна Словенецот Дејан Бомбач постигнувајќи седум погодоци.

Вардар со оваа победа го мина Пик Сегед на табелата и во последното коло со евентуална победа над Монпеље има шанса да атакува на третата позиција.

На првиот денешен натпревар од оваа група Киелце на гости го совлада Монпеље со 32:27.

Вечерва играат Рајн Некар и Колдинг. Табела: Барселона 21 бод, Киелце 19, Вардар 16, Рејн Некар и Пик Сегед 15, Монпеље 7, Кристијанштад 5, Колдинг 4.

Би можело да ве интересира

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ