Милан Илиевски: Одиме на победа во Битола

Од:

Сонце, вода, фудбал… Вардарци се на охридското крајбрежје каде се подготвуваат за „вечното дерби“ со Пелистер во среда, кое поради безбедносни услови беше одложено за три дена. Но, тоа нема да ги поремети плановите на актуелниот шампион, кој остана во Охрид, подготвувајќи се за првиот пролетен дуел.

„Се подготвуваме максимално сериозно, овде во Охрид имаме одлични услови за работа. Временските услови се исто така фантастични, ќе се освежиме максимално до дуелот што не очекува во среда. Ќе беше убаво да се играше во неделата, се беше подготвено за вистински празник на фудбалот, но ниту ова одложување од три дена нема да ги наруши нашите амбиции, да победиме во Битола. Се надеваме дека „Комити“и во среда ќе допатуваат во голем број под „Тумбе кафе“, да не бодрат“ – вели капитенот Милан Илиевски.

На тренинзите со екипата се приклучува и Хорхе Хименез, кој ја надмина повредата, и сигурно ќе конкурира за составот на мечот в среда. Со екипата е и Ацо Стојков, кој се уште е во неизвесност околу пристигнувањето на сертификатот за настап од Фудбалската федерација на Иран, но, максимално сериозно ги одработува обврските.

Би можело да ве интересира

Де ла Фуенте останува селектор на шпанската репрезентација до крајот на ЕП 2028 година

Колапс на ѕвездата која заработи милиони: На 32 години работи за плата од 420 евра

Легендарниот дански фудбалер објави крај на играчката кариера

А1он

ВИДЕО: Тренерот на ПАОК сам нападна неколку навивачи на АЕК, ​​доби суспензија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Навивач го прекина едноминутното молчење за жртвите во Магдебург, цел стадион му одговори

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Фудбалерот на Монако тешко го повреди Донарума

Горан Наумовски