Михаел Шумахер излезе од кома

Од:

Прославениот германски автомобилст Михаел Шумахер излезе од кома и ја напушти болоницата во Гренобл, во која се лекуваше безмалку шест месеци, соопшти денеска неговото семејство. Во соопштението се вели дека Шумахер (45) ќе продолжи со своето лекување, но не се споменува локацијата каде тој сега престојува.

Гераманскиот автомобилски ас, беше ставен во медицинска и лекарски контролирана кома, по тешките повреди на главата, што ги здоби по падот за време на скијањето во француските Алпи.

Од 29 декември тој престојуваше во болницата во Гренобл под постој надзор на француските лекари. Засега не се соопштува во каква здравствена состојба бил Шумахер по излегувањето од комата.

Еден близок роднина на неговото семејство, минатата недела само изјави дека е „сосема јасно оти на Михаел му претстои долга и тешка битка“.

Седумкратниот светски шампион во Формула 1, важеше и како добар скијач, но за време на божиќниот и новогодишен одмор, заедно со своето семејство, падна за време на едно возење, надвор од обележаната патека. При падот тој силно удрил со главата во една карпа.

Истрагата што беше направена покажа дека доколку не го носел заштитниот скијашки шлем на главата, „сигурно ќе бил мртов на самото место“.

Михаел Шумахер се повлече од активното натпреварување и трките во 2012 година, по 19 години учество во разни автомобилски тркачки дисциплини.

Би можело да ве интересира

Жан Тод два пати месечно оди во посета кај Шумахер, заедно гледале Ф1 трки

Лекар ја откри главната причина за влошената состојба на Михаел Шумахер

Ана Ололовска

Тод: Го видов Шумахер, се надевам дека целиот свет ќе може да го стори истото

Ландов

Шумахер ќе биде опериран во Франција, докторите се надеваат дека ќе го вратат во нормала

А1он

Првото Ферари на Шумахер ставен на аукција

Ана Ололовска

Италијански неврохирург: Шумахер е непрепознатлив

Ана Ололовска