Миха Кирнер од Словенија севкупен победник на Шарпланинскиот куп

Од:

Миха Кирнер од Словенија е севкупен победник на јубилејното 40. издание на Шарпланинскиот куп што викендов се одржа на Попова Шапка откако денеска триумфираше во двете слаломски трки кои се возеа на патеката Езерино, што заедно со вчерашното второ место освоено во велеслалом му ја донесе овогодинешната титула.

Второто место севкупно го освои неговиот сонародник Матиц Скубе, кој беше вчерашен победник во велеслалом, а третото место го освои Никола Чонгаров од Бугарија.

– Се забллагодарувам за добрата организација на двете трки кои се одржаа во многу тешки временски услови. Задоволен сум од победата и од тоа што го добив шарпланинецот Шарко и се надевам дека ќе се вратам и за следните трки тука на Шапка, рече Кирнер.

Според техничкиот директор на трката, поранешната словенечка скијачка легенда Бојан Крижај, во овие четири години организацијата постојано напредува.

– Секоја година е се полесно поради искуствата што ги собираме заедно. Се надевам дека 41. издание на Шарпланинскиот куп ќе биде уште подобро, додаде Крижај.

Претседателот на Организацискиот одбор, Димитар Танурков рече дека покажале оти во организацискиот дел се најподготвени бидејќи во екстремно тешки временски услови како во изминатите два дена успеале да ги организираат и да ги завршат велеслаломските и слаломските трки кои почнувале навреме според програмата.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Доминик Парис ја израдува Италија со првото место на спустот во Бормио

Татјана Ташкова

Фојц блесна во спустот на Бивер Крик

ВИДЕО: Шмидхофер го освои спустот во Лејк Луис

ВИДЕО: Ледечка го освои првиот спуст во сезоната со историско достигнување

Шифрин победи на слаломот во Леви

Тина Мазе ја заврши кариерата

Емир Латифовиќ