Ракометарите на Металург останаа без шанси за пласман во следната фаза од Лигата на шампионите откако вечерва с епоразени на гостувањето кај Ла Риоха со 31:25.
Серијата од 6:0 што шпанската екипа ја направи при резултат 19:19 с епокажа како клиучна за конечниот победник. Металург одигра добри 40 минути, но тогаш дојде до пад во играта и десетина минути без постигнат гол. Домаќинит го искористија лошиот период на избраниците на Лино Червар, резултатски се одлепија и предноста рутинирано ја одржуваа до крајот на мечот.
Вања Илиќ со седум и Немања Обрадовиќ со шест погодоци бе анајефикасните играчи во тимот од Автокоманда.
Од групата Ц во следната фза пласман обезбедија Монпеље и Ла Риоха, а на Металург му преостанува да го потврди третото место во последното 10.коло кога го пречекува Чеховски Медведи.