Металург во борба за пласман на завршниот турнир

Од:

Македонскиот ракометен шампион Металург вечерва во Бања Лука му гостува на Борац, а овој натпревар за нашиот тим е од голема важност бидејќи со победа Металург ќе ги задржи шансите за 6. место и со тоа учество на завршниот турнир во Веспрем.

Но, подмладениот тим на Металург за разлика од претходните сезони не е фаворит, особено што на последниот натпревар со Нексе поради повреди не настапија и младинските репрезентативци на Македонија Марко Нелоски и Филип Талески.

За тимот на Борац ова е секако шанса да се постигне нова победа и да ја избегне последната позиција на табелата.

Почетокот на натпреварот е во 20:55 часот.

Табела: Веспрем 51 бод, Вардар 42, ППД Загреб 33, Татран Прешов 30, Мешков Брест 30, Нексе 16, Металург 15, Војводина 10, Борац 7, Раднички 7.

Би можело да ве интересира

Се онесвести на паркет данскиот судија кого го пцуеја Македонците за „грабежот“ против Холандија на СП во Вараждин

А1он

(ВИДЕО) Илјадници граѓани на Бан Јелачиќ ги чекаат хрватските ракометари

Португалија во транс, Мартим ја одведе во полуфинале

Комплетирано 1/4 финале: Кој против кого до битката за медали?

Хрватска го „скрши“ Исланд и се доближи до четвртфиналето

Бразилските ракометари ја победија Шведска и ја оставија без осминафинале

А1он