Металург в четврток во продажба ги пушта влезниците за дуелот со ПСЖ

Од:

Македонскиот ракометен шампион Металург во четврток ќе ги пушти во продажба влезниците за првиот меч од новата сезона во Лигата на шампионите против Пари Сен Жермен. Во зависност од позицијата на трибините цените на билетите ќе се движат од 200 до 500 денари.

Од клубот од Автокоманда информираа и за промената на ваучерите за блок влезниците од групната фаза во ЛШ. Сопствениците на блок-билети ќе добијат пластифицирани картички, а замената ќе може да ја направат на 26 и 27 септември во периодот од 12 до 20 часот. Промената ќе се врши на пулт во „Сити мол“, специјално поставен за оваа намена.

Сите кои до денот на натпреварот со ПСЖ (28.9.2014 година) нема да ги заменат своите ваучери ќе можат истото да го направат на самиот ден на натпреварот на билетарата во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток од 12 часот.

Натпреварот Металург – ПСЖ ќе се одигра в недела (28 септември) со почеток од 19 часот.

Би можело да ве интересира

Хрватите и Македонците казнети за фрлањето предмети на мечот со Холандија

Предраг Петровиќ

Спектакл во Вараждин: Македонија и подари бод на Унгарија

Горан Наумовски

ЕХФ: Франција и Германија ќе бидат домаќини на Европското првенство во ракомет во 2032 година

Србија остана без двајца селектори во ист ден

Горан Наумовски

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир