Металург уште еднаш убедливо поразен од Кил

Од:

Металург го загуби и реванш четвртфиналниот дуел од ракометната Лига на шампиони со германскиот претставник Кил. Попладнево домаќините забележаа победа со 34:26 и по скопските 31:21 на убедлив начин се пласираа во полуфиналето.

Ренато Вугринец со шест и Лука Циндриќ со пет голови беа најефикасни во нашиот состав, каде одлично деби имаше младинскиот репрезентативец Филип Талески со три реализации од четири обиди.

Во победничкиот тим најефикасен беше Клајн со осум погодоци.

Кил на завршниот „Фајнл фор“ турнир во Келн оди заедно со трите екипи кои вчера обезбедија полуфинале. Тоа се Фленсбург, Барселона и Веспрем.

Жрепката за полуфиналето ќе се изврши во седиштето на ЕХФ, Виена во вторник во 12 часот.

Би можело да ве интересира

Се онесвести на паркет данскиот судија кого го пцуеја Македонците за „грабежот“ против Холандија на СП во Вараждин

А1он

(ВИДЕО) Илјадници граѓани на Бан Јелачиќ ги чекаат хрватските ракометари

Португалија во транс, Мартим ја одведе во полуфинале

Комплетирано 1/4 финале: Кој против кого до битката за медали?

Хрватска го „скрши“ Исланд и се доближи до четвртфиналето

Бразилските ракометари ја победија Шведска и ја оставија без осминафинале

А1он