Македонскиот ракометен шампион Металург убедливо со 30:20 вечерва на гостувањето во Бања Лука го совлада Борац.
Најефикасен во победничката екипа беше Златко Мојсоски со 6 голови, неговиот брат Наумче Мојсовски постигна 5, а Дамир Батиновиќ даде 4 гола.
Кај домаќините најефикасни беа Стефан Јанковиќ и Дамир Делиќ со по 5 погодоци.
Со оваа победа Металург се искачи на 3. место на табелата со 21 бод од 10 одиграни натпревари.
Металурзите следниот дуел од СЕХА лигата ќе го одиграат веќе в сабота на гости против Нексе, а на 12 декември имаат уште едно гостување против Мешков Брест.