Металург убедливо поразен на гостувањето во Швајцарија

Од:

Ракометарите на Металург синоќа претрпеа убедлив пораз на гостувањето кај Кадетен Шафхаузен во натпреварот од 8. коло од Д групата од Лигата на шампионите.

Добрата игра од првиот дел од дуелот остана во сенка на високиот пораз 27:17 (10:10).

Швајцарскиот првак со победата ги задржа шансите за пласман на првите две места во групата.

Металург добро играше во првиот дел особено во средината кога во два наварти имаше водство од четири голови (8:4 и 9:5), но домашниот тим со серија од пет голови го презеде водството. Почетните минути од вториот дел минаа во изедначена игра, а потоа по водството од 14:13 за нашиот тим следуваа техничките грешки во нападот кај Металург, кои ракометарите на Кадетен Шафхаузен ги казнуваа и стигнаа до убедлива победа од десет разлика.

Најефикасен на натпреварот со девет голови беше Мануел Линигер од Кадатен, додека кај Металург Јанко Божовиќ постигна четири голови.

Во Д групата на челот е Мотор со 10 бодови, а по 9 имаат Скјерн, Кадетен Шафхаузен, Баја Маре. Металург има 4 бодови, а последен е Елверум со 3.

Металург следниот натпревар го игра на 28 ноември со Скјерн во Скопје.

Би можело да ве интересира

Се онесвести на паркет данскиот судија кого го пцуеја Македонците за „грабежот“ против Холандија на СП во Вараждин

А1он

(ВИДЕО) Илјадници граѓани на Бан Јелачиќ ги чекаат хрватските ракометари

Португалија во транс, Мартим ја одведе во полуфинале

Комплетирано 1/4 финале: Кој против кого до битката за медали?

Хрватска го „скрши“ Исланд и се доближи до четвртфиналето

Бразилските ракометари ја победија Шведска и ја оставија без осминафинале

А1он