Македонскиот ракометен првак Металург вечерва во СЦ „Борис Трајковски“ загуби од Загреб со 22:20 и со пораз ја заврши сезоната во Лигата на шампионите.
Гостите од Хрватска во текот на целиот дуел ја имаа контролата врз резултатот и сосема заслужено стигнаа до триумфот.
Младите ракометари на Лино Червар покажаа квалитет и достојно се бореа до крај, во еден момент стигнаа и до изедначување (18:18), но не успеаја да направат изненадување.
Марко Бувиниќ со шест реализации беше најефикасен кај Металург.
Металург завршува на последното шесто место во групата А, а Загреб оди во осминафиналето како третопласиран. Од оваа група во следната фаза се пласираа и Кил, ПСЖ и Ла Риоха.
Фото: МИА