Металург со победа го заврши настапот во СЕХА лигата пред домашната публика

Од:

Македонскиот ракометен вице-првак Металург славеше победа над словенечкиот шампион Горење Велење во натпреварот од регионалната СЕХА лига.

На средбата која се играше вечерва во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје, инаку последна за Металург на домашен терен, тимот од Автокоманда го совладаа Горење Велење со 28-25 полувреме 14-15.

До петата победа во СЕХА лигата, тимот на Металург го предводеа Вања Лилиќ со 7 голови, Филип Кузмановски кој постигна 5 и Немања Обрадовиќ со 4 гола.

Одлични беа и двајцата голмани Дарко Арсиќ и Мартин Томовски кои имаа по 10 односно 5 успешни одбрани.

Во последните два меча во СЕХА лигата, Металург ќе игра на гостински терен против Извиѓач (28 фвруари) и Нексе (7 март).

Последниот пак свој натпревар од групната фаза македонскиот шампион Вардар ќе го игра на 14 март кога ќе му гостува на последно пласираниот Извиѓач.

Табела: Вардар 44 бодови, Веспрем 41, ППД Загреб 31, Целје 30, Мешков Брест 29, Металург 16, Нексе 15, Горење Велење 12, Татран Прешов 10 и Извиѓач 3.

Би можело да ве интересира

Загреб прв финалист на Ф4 во СЕХА-лигата

Ана Ололовска

Вардар ќе игра на завршниот турнир во СЕХА-лигата

А1он

Вујовиќ: Во Загреб одиме на победа, нема да калкулираме со предноста од Скопје

А1он

Вујовиќ: Предноста од четири гола е убава, но ништо не е решено

Ана Ололовска

СЕХА: Вардар 1961 обезбеди четири голови предност за ревашот во Загреб

А1он

Бабиќ: Одговорноста за поразот од Мешков Брест е моја

Ана Ололовска