Металург славеше кај Шамбери

Од:

Ракометарите на Металург славеа со 30:33 на гостувањето против Шамбери во првото коло од Лигата на шампионите.

Охрабрени по големите успеси од ланската сезона во ЛШ, „Металурзите“ тргнаа решитолно и храбро против францускиот вицешампион.

Одиграа максимално во фазата на напад но и во одбраната и најавија дека имаат огромни амбиции и во новата сезона од елитното европско ракометно натпреварување.

Дарко Станиќ одново беше на потребното ниво со 14 успешни интервенции, додека во фазата на напад најпрецизни беа Манасков и Наумче Мојсовски со по седум погодоци, Батиновиќ беше стрелец на шест, а Вугринец на четири гола за македонскиот шампион.

Би можело да ве интересира

Се онесвести на паркет данскиот судија кого го пцуеја Македонците за „грабежот“ против Холандија на СП во Вараждин

А1он

(ВИДЕО) Илјадници граѓани на Бан Јелачиќ ги чекаат хрватските ракометари

Португалија во транс, Мартим ја одведе во полуфинале

Комплетирано 1/4 финале: Кој против кого до битката за медали?

Хрватска го „скрши“ Исланд и се доближи до четвртфиналето

Бразилските ракометари ја победија Шведска и ја оставија без осминафинале

А1он