Металург се соочува со нови проблеми пред натпреварот со Кил

Од:

Македонскиот шампион Металург натпреварите од годинашново издание на Лигата на шампионите ќе ги заврши со дуелот против бундеслигашот Кил на домашен терен.

На проблемите со повредени играчи тимот од Автокоманда се соочува и со здравствени проблеми (стомачен вирус) на четири стандардни првотимци. На болки во стомакот се пожалиле Наумче Мојсовски, Филип Миркуловски, Дејан Манасков и  Владан Липовина.

Сепак и покрај проблемите тренерот Лино Червар најавува борба со големиот противник.

– Се подготвуваме за Кил, независно кој ќе биде во составот, Ние ќе се бориме и ќе се обидеме да го изненадиме фаворитот, кој има исклучително силна надворешна линија (Дувњак, Кањалес, Палмарсон),… Вугринец тренираше со екипата, а можеби е прерано да се каже дали ќе игра против Кил, изјави Червар.

Во отсуство на капитенот Наумче Мојовски, на денешната прес-конференција присутен беше Ванчо Димовски.

– Чекаме прва победа и со тоа да ја исфрлиме негативната енергија од нас. Заслуживме да имаме барем бод на крајот од овој циклус, Кил е нова шанса. Возот тргна, а сеуште имаме шанса да се качиме. Ја знаеме јачината на Кил, тоа е екипата која лани не елиминира и впрочем само Кил не победи во Скопје, рече Димовски.

Натпреварот Металург – Кил се игра в сабота од 21 часот во СЦ „Борис Трајковски“.

Би можело да ве интересира

Озтурк нов ракометар на Металург

А1он

Металург поразен од Чеховски Медведи во Лига Европа

Ана Ололовска

Металург се раздели со двајца странски ракометари

Ана Ололовска

Одложени дуелите на Металург со Чеховски Медведи поради коронавирус

Кастратовиќ за групата на Металург: Нема слаби екипи, не очекуваат тешки натпревари

Ана Ололовска

Металург почнува со Тулуз во групната фаза на Лигата на Европа

Ана Ололовска