Македонскиот ракометен вицепрвак Металург ќе игра двомеч со унгарскиот претставник Пик Сегед во обид да избори учество во Лигата на шампионите.
Ова е одлуката на ЕХФ по откажувањето од елитното натпреварување на шпанскиот Атлетико Мадрид со што се ослободи место плус.
Металург првиот дуел ќе го игра на домашен терен на 28 август, а на 1 септември ќе гостува во Сегед.
Победникот од овој двомеч ќе игра во групата Ц заедно со македонскиот шампион Вардар, Барселона, Тун, ПСЖ и еден квалификант.