Металург против Мешков по први бодови во СЕХА лигата

Од:

Македонскиот ракометен вицепрвак Металург по двата пораза од ланските финалисти во СЕХА лигата, го очекува уште еден тежок натпревар. Металург в среда ќе биде домаќин на силниот белоруски тим Мешков Брест. Тренерот Лино Червар посакува покрај искуството, неговата екипа да стигне и до првите бодови.

– Против Веспрем игравме добро во првиот дел, потоа имавме падови и успони и технички грешки кои не треба да ги правиме. Но, ние треба најмногу да профитираме од СЕХА лигата. Покрај искуството, треба да научиме како да играме на резултат и како да се натпреваруваме. Мешков Брест е екипа која со Вардар, Веспрем и Загреб се ТОП 4 во СЕХА лигата. Ќе ни биде тешко особено што имаат висока зона. Добро е што Нелоски се враќа, а најверојатно во среда ќе бидеме комплетни, воедно добро е што ја намалуваме разлика во однос на конкурентите, изјави тренерот на Металург Лино Червар.

На денешната прес-конференција присуствуваше и Мартин Велковски.

– Мешков Брест се фаворити. Тоа за нас е само мотивација плус. Во подготовките игравме против нив и загубивме на турнирот во Кањижа. Очекувам во среда да дадеме посилен отпор, истакна Велковски.

Натпреварот Металург – Мешков Брест се игра на 14 септември со почеток во 17 часот во „ВИП Арена“ во СЦ „Борис Трајковски“.

Би можело да ве интересира

Се онесвести на паркет данскиот судија кого го пцуеја Македонците за „грабежот“ против Холандија на СП во Вараждин

А1он

(ВИДЕО) Илјадници граѓани на Бан Јелачиќ ги чекаат хрватските ракометари

Португалија во транс, Мартим ја одведе во полуфинале

Комплетирано 1/4 финале: Кој против кого до битката за медали?

Хрватска го „скрши“ Исланд и се доближи до четвртфиналето

Бразилските ракометари ја победија Шведска и ја оставија без осминафинале

А1он