Металург против Кадетен „брка“ први бодови во ЛШ

Од:

Македонскиот претставник во Лигата на шампионите Металург в сабота ќе го игра вториот натпревар од Д групата. Во Скопје ќе гостува швајцарскиот шампион Кадетен Шафхаузен.

Тренерот Лино Червар на денешната прес конференција истакна дека очекува тежок дуел.

– Кадетен загуби дома во првото коло, а тоа значи дека нас ќе ни биде потешко, бидејќи тие ќе сакаат да ги надоместат изгубените бодови. Меѓутоа и ние сакаме прв триумф оваа сезона во Лигата на шампионите. Имаме млада екипа и сакаме да покажеме дека сме на добар пат. Имаме голем притисок дека играме дома, но тоа од друга страна може да има и позитивен ефект, изјави хрватскиот стратег.

Капитенот на „металурзите“ Жарко Пешевски очекува запишување на првите бодови во ЛШ.

-Атмосферата во тимот е добра. Мотивирани сме и очекуваме поддршка од навивачите. Се подготвуваме да постигнеме добар резултат и да се радуваме, рече Пешевски.

Натпреварот Металург – Кадетен Шафхаузен се игра во сабота од 17:30 часот во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.

Би можело да ве интересира

Се онесвести на паркет данскиот судија кого го пцуеја Македонците за „грабежот“ против Холандија на СП во Вараждин

А1он

(ВИДЕО) Илјадници граѓани на Бан Јелачиќ ги чекаат хрватските ракометари

Португалија во транс, Мартим ја одведе во полуфинале

Комплетирано 1/4 финале: Кој против кого до битката за медали?

Хрватска го „скрши“ Исланд и се доближи до четвртфиналето

Бразилските ракометари ја победија Шведска и ја оставија без осминафинале

А1он