Металург против Елверум ја отвора сезоната во Лигата на шампионите

Од:

Ракометарите на Металург со денешниот меч против составот на Елверум ќе ја отворат новата сезона на македонските претставници во Лигата на шампионите.

Дуелот кој е во рамките од Ц групата ќе се игра во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток од 17 часот и 30 минути.

Во оваа група вчера екипите на Чеховски Медведи и Ла Ријоха одиграа без победник 28:28. Утре ќе играат Монпелје – Татран Прешов.

А, македонскиот шампион Вардар својот прв меч ќе го игра утре во Шведска каде ќе му гостува на Кристијанштад во меч од Б групата во која црвено-црните за противници ќе ги имаат и екипите на: Мешков Брест, Киелце, Целје Пивоварна Лашко, ППД Загреб, ПИК Сегед и Ранј Некар.

Би можело да ве интересира

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ