Металург против Динамо Минск во осминафиналето од ЛШ

Од:

Македонскиот ракометен првак Металург на денешната ждрепка за противник во осминафиналето од Лигата на шампионите го доби белорускиот Динамо Минск.

Првиот меч ќе се игра од 13-17 март во Минск, додека реваншот е од 20-24 март во Скопје, во салата „Борис Трајковски”.

Иако постоеше можност во Скопје да допатува нашиот најдобар ракометар Кирил Лазаров, со неговиот Атлетико Мадрид, сепак ждрепката сакаше тој да се сретне со Берлин. Добро е што Металург го избегна најсилниот можен противник – рускиот Чеховски Медведи, тим кој ќе се сретне со германскиот Кил.

Преостанати двојки од осминафиналето: Силкеборг – Барселона, Адемар Леон – Веспрем, Сегед – Киелце, Целје – Хамбург, Кил – Чеховски Медведи, Атлетико –Берлин.

Би можело да ве интересира

Озтурк нов ракометар на Металург

А1он

Металург поразен од Чеховски Медведи во Лига Европа

Ана Ололовска

Металург се раздели со двајца странски ракометари

Ана Ололовска

Одложени дуелите на Металург со Чеховски Медведи поради коронавирус

Кастратовиќ за групата на Металург: Нема слаби екипи, не очекуваат тешки натпревари

Ана Ололовска

Металург почнува со Тулуз во групната фаза на Лигата на Европа

Ана Ололовска