Раководството на македонскиот ракометен шампион Металург одлучи привремено да го повлече дресот со број 13 што до неодамна го носеше Филип Миркуловски.
– Изненадната разделба и заминувањето на Филип Миркуловски од Металург, во редовите на германскиот бундеслигаш Хановер, го спречи клубот достоинствено да се раздели од својата ракометна легенда. Од тие причини, раководството на клубот реши привремено да го повлече дресот со број 13, дрес што во изминативе дванаесет години го носеше најборбениот и најпожртвуваниот ракометар на Металург, кој на секој натпревар гинеше за плаво-белата боја. Го повлекуваме дресот со број 13 затоа што тој број и тој дрес треба да се заслужат, е ставот на управата на Металург.
Од клубот од Автокоманда изразуваат надеж дека еден ден Миркуловски повторно ќе го облече овој дрес и повторно ќе ги брани боите на Металург.