Металург победник на Купот на Македонија

Од:

Ракометарите на Металург триумфираа во финалето од 21.издание на Купот на Македонија совладувајќи ја екипата на Зомимак од Струмица со 26:23 (14:12).

Првиот дел мина во изедначена борба, а Металург првпат се одлепи во 22 минута кога поведе со 12:8.

И вториот дел мина без некоја поголема резултатска неизвесност, иако Зомимак во 42.минута изедначи на 18:18. Но набрзо следуваше серијата на Металург за водство од 21:18.

Најефикасен на натпреварот беше Ренато Вугринец со 9 голови.

Финалниот турнир изминативе два дена се играше во СРЦ „Кале“ во Скопје.

За најдобар играч беше прогласен Филип Миркуловски од Металург, најдобар голман е Дарко Станиќ од Металург, а најдобар стрелец на завршниот турнир беше Игор Павловски од Зомимак.

За ракометарите на Металург ова беше деветто финале, а по петти пат го кренаа пехарот во Купот на Македонија (2006, 2009,2010, 2011 година).

Тимот на Зомимак го играше своето прво финале.

Би можело да ве интересира

Озтурк нов ракометар на Металург

А1он

Металург поразен од Чеховски Медведи во Лига Европа

Ана Ололовска

Металург се раздели со двајца странски ракометари

Ана Ололовска

Одложени дуелите на Металург со Чеховски Медведи поради коронавирус

Кастратовиќ за групата на Металург: Нема слаби екипи, не очекуваат тешки натпревари

Ана Ололовска

Металург почнува со Тулуз во групната фаза на Лигата на Европа

Ана Ололовска