Металург по нова победа во Лигата на шампионите

Од:

Македонскиот претставник во Лигата на шампионите, тимот на Металург на досегашните шест натпревари од групата запиша две победи и четири порази, од кои три во серија на последните натпревари. По двата минимални порази на гости и домашниот пораз од Баја Маре, во тимот на Металург најавуваат победа на дуелот со украински Мотор.

На денешната прес конференција тренерот Лино Червар истакна дека неговите ракометари ќе одат на триумф, без оглед на силниот противник.

– Од поразите се учи. На првиот натпревар со Мотор загубивме со шест разлика. Ова е искусен тим, каде главна алка им е надворешната линија заедно со пивотот. Тие се незгоден ривал и ќе се обидеме да ги нападнеме поагресивно, а со борба и желба можеме да ги надминеме нашите слабости. Најважно ќе биде да се бориме, а потоа и да победиме, рече Червар.

Се очекува новото засилување на Металург Давид Шпилер да биде во составот, а тренерот Червар информира дека повредата е санирана, а единствено проблем може да биде невоиграноста со остатокот на тимот.

По солидниот настап во репрезентацијата на Македонија на турнирот во Умаг, Филип Талески очекува добар настап и реванш за поразот во Украина.

– Во Украина загубивме, но тоа беше натпревар од 1.коло од групата во Лигата на шампионите. Сега имаме друга слика, а добро е што дојде и Шпилер. Со добра игра во одбраната во текот на сите 60 минути можеме да се избориме и за резултат во наша корист.

Дуелот Металург – Мотор се игра во четврток во 17:45 часот во СЦ „Борис Трајковски“, додека другите два дуела од Д групата од ЛШ (Баја Маре – Скјерн и Елверум – Кадетен Шафхаузен) се играат во недела.

Три екипи имаат по 8 бодови Скјерн, Мотор и Баја Маре, Кадетен Шафхаузен има 5, Металург 4, а последен е Елверум со 3.

Би можело да ве интересира

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ