Металург ослабен во дуелот со Ла Риоха

Од:

Македонскиот ракометен вицепрвак Металург следниот натпревар од Лигата на шампионите во сабота во Скопје ќе го одигра ослабен откако на денешниот утрински тренинг по еден дуел се повреди Немања Младеновиќ.

На редовната прес конференција тренерот Лино Червар изјави дека се работи за повреда на клучната коска кај Младеновиќ.

– Во еден дуел со соиграчот Стефан Дригришки дојде до ненамерен контакт, а се работи за повреда на клучната коска кај Младеновиќ. За тежината на повредата ќе се знае по дополнителните прегледи. Инаку, Ла Риоха заедно со Монпеље се екипите кандидати за едно од првите две места во нашата група. Имаат висока одбрана, а нивна силна страна е што ги казнуваат грешките на ривалот. Што значи дека ние не смееме да ја повториме играта од СЕХА лигата со Загреб кога имавме 19 технички грешки, рече Червар.

Играчот Немања Обрадовиќ за саботниот натпревар рече дека добро се мотивирани.
– Добро сме мотивирани и се надевам дека повредата на Младеновиќ нема да не исфрли од „колосек“, истакна Обрадовиќ.

Натпреварот Металург – Ла Риоха од групата Ц од Лигата на шампионите се игра во сабота од 17:30 часот во „ВИП Арена“ во СЦ „Борис Трајковски“.

Би можело да ве интересира

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ