Македонскиот ракометен вицепрвак Металург одигра нерешено 24:24 попладнево на гостувањето кај Извиѓач во натпревар од СЕХА лигата. Во драматична завршница со голот на Вања Илиќ во последните секунди Металург се спаси од пораз.
Македонскиот претставник имаше водство во првиот дел од 13:10, а во 45.минута водеше и со 19:15. Сепак, домашаната екипа направи пресврт и со серија од 6-0 поведе со два разлика во 54.минута. Во последните 30 секунди Металург постигна два гола, најпрвин преку Александар Гуглета, а потоа стрелец беше и Илиќ по грешката на домашните ракометари.
Најефикасни кај Металург со по 6 голови беа Немања Обрадовиќ и Илиќ, додека голманот Дарко Арсиќ имаше 15 одбрани. Во редовите на Извиѓач 5 голови постигна Анте Грбавац, сите во второто полувреме.
Металург до крајот на лигата има уште едно гостување кај екипата на Нексе на 7.март.
Табела: Вардар 44 бодови, Веспрем 41, Цеље 33, Мешков Брест 32, Загреб 31, Металург 17, Нексе 15, Горење 12, Татран Прешов 10, Извиѓач 4