Ракометарите на Металург очекувано претрпеа убедлив пораз на гостувањето кај првопласираната екипа во групата Кил со 35:16 (17:3).
Ова е вторпат во клупската историја Металург натпревар од Лигата на шампионите да го загуби со 19 голови разлика и во двата случаи поразите се од екипи од Германија (Флензбург и Кил).
Резултатот до 3:3 беше изедначен, а потоа „подновениот “ Металург до крајот на првиот дел не постигна гол и со тоа постави уште еден неславен рекорд од повеќе од 20 минути без гол.
Во вториот дел новите играчи на тренерот Лино Червар одиграа поопуштено и на крајот резултатот беше 35:16.
Филип Талески и Марко Бувиниќ кај Металург со по 4 голови беа најефикасни, додека Филип Јиха е најефикасниот на дуелот со 9 голови.
Кил е прв во групата А со 16 бодови, ПСЖ има 12, Загреб 10, Ла Риоха 7, Мешков Брест 6, а Металург има 3.
Во последното коло Металург на домашен терен игра против Загреб.