Ракометарите на Металург славеа очекувана победа во дуелот против Охрид во натпреварот од 2.коло во плејофот на ракометниот шампионат на Македонија.
На средбата одиграна попладнево во салата Автокоманда во Скопје, екипата на Металург го победи Охрид со 30:23.
Во првиот меч од оваа рунда одигран вчера шампионот Вардар убедливо со 38:26 го победи Работнички.
Колото ќе биде комплетирано вечерва со дуелот меѓу Макс Струмица и Прилеп.
Табела – плејоф: Вардар 6 бода, Маталург 6, Макс Струмица 3, Работнички 0, Прилеп 0 и Охрид 0.
Во борбата за опстанок, односно, плејаут разигрувањето, сите три натпревари се играат попладнево, а двојките се: Пелистер – Борец (од 18 часот), Радовиш – Металург 2 и Пролет – Вардар Јуниор (од 19 часот).
Табела – плејаут: Пелистер 21, Радовиш 21, Вардар Ј. 18, Пролет 18, Борец 10 и Металург 2 1.