Металург на мегдан со Партизан

Од:

Македонскиот ракометен вицепрвак Металург, попладнево од 17 часот и 45 минути во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје го игра натпреварот од 6.коло од СЕХА лигата против белградски Партизан.

Металург на дуелот против српската екипа ќе ја брка првата победа на домашен терен, бидејќи на првите два дуела досега одигра нерешено, со Вардар (28:28) и со Нексе (24:24).

Но, Металург е единствената екипа без пораз во лигата со две победи на гостински терен.

Во пресрет на денешниот дуел тренерот Лино Червар најави дека ќе игра со комбиниран состав пред се дека дел од играчите имаат повреди, а в сабота следува и дуелот со Барселона од Лигата на шампионите.

– Во спортот секој ден треба да се докажуваш. Против Нексе игравме со две лица, на моменти опуштено и непрофесионално. Но, можеби е добредојдено ако се извлечат поуки, изјави тренерот на Металург.

Во македонскиот тим со мислите се веќе кон дуелот со Барселона, а и свесни се дека победа над Партизан само ќе ја подигне атмосферата во екипата.

Металург со 8 бодови од 4 натпревари е на 5.место на табелата, додека Партизан се наоѓа на 9.место со 3 бодови од 5 натпревари.

По вчерашната победа (29:27) над Нексе на чело на табелата е Вардар со 13 бодови.

Би можело да ве интересира

Озтурк нов ракометар на Металург

А1он

Металург поразен од Чеховски Медведи во Лига Европа

Ана Ололовска

Металург се раздели со двајца странски ракометари

Ана Ололовска

Одложени дуелите на Металург со Чеховски Медведи поради коронавирус

Кастратовиќ за групата на Металург: Нема слаби екипи, не очекуваат тешки натпревари

Ана Ололовска

Металург почнува со Тулуз во групната фаза на Лигата на Европа

Ана Ололовска