Металург ја препушта фаворитската улога на Спортинг

Од:

Македонскиот ракометен вицепрвак Металург ќе се обиде против Спортинг да дојде до првите бодови оваа сезона во Лигата на шампионите.

Тимот од Автокоманда има два пораза, а заменик тренерот Александар Јовиќ очекува уште еден тежок дуел против Спортинг за кого вели дека е фаворит.

– Гостите од Португалија се фаворити. Имаат квалитетен состав, играат цврсто во одбраната и добри се во транзиција. Ние мора да смениме нешто од средбата со Бешикташ. Затоа мора и да се трансформираме од „мачиња во лавови“, изјави заменик тренерот на Металург Александар Јовиќ, кој во отсуство на Лино Червар беше на прес конференцијата.

Голманот Дарко Арсиќ ја презема одговорноста за слабиот настап со Бешикташ и најави поборбена игра против Спортинг.

– Ја преземам одговорноста за слабиот настап на дуелот со Бешикташ, екипата немаше помош од мене. Ниту еден ривал не е силен, ако ние му дозволиме да игра. Ќе дадеме се од себе за да победиме.

Натпреварот Металург – Спортинг се игра в сабота од 17:30 часот во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.

Би можело да ве интересира

Се онесвести на паркет данскиот судија кого го пцуеја Македонците за „грабежот“ против Холандија на СП во Вараждин

А1он

(ВИДЕО) Илјадници граѓани на Бан Јелачиќ ги чекаат хрватските ракометари

Португалија во транс, Мартим ја одведе во полуфинале

Комплетирано 1/4 финале: Кој против кого до битката за медали?

Хрватска го „скрши“ Исланд и се доближи до четвртфиналето

Бразилските ракометари ја победија Шведска и ја оставија без осминафинале

А1он