Металург имаше сила за едно полувреме

Од:

Македонскиот ракометен шампион Металург вечерва доживеа пораз со 31:27 на гостувањето во Шпанија кај Ла Риоха.

Нашиот претставник и покрај проблемите со кои се соочуваше изминатиот период даваше силен отпор 40-ина минути, а имаше и нерешени 13:13.

Сепак на крајот поразот од четири голови е пристоен со оглед на тоа што домаќините во еден момент имаа плус девет.

За Металург ова беше петти пораз во исто толку натпревари сезонава во Лигата на шампионите по што речиси ги загуби шансите за пласман во следната фаза.

Најефикасни играчи во македонскиот состав беа Филип Миркуловски со 8 погодоци, Наумче Мојсовски и Ренато Вугринец имаа по 6 реализации.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Илјадници граѓани на Бан Јелачиќ ги чекаат хрватските ракометари

Португалија во транс, Мартим ја одведе во полуфинале

Комплетирано 1/4 финале: Кој против кого до битката за медали?

Хрватска го „скрши“ Исланд и се доближи до четвртфиналето

Бразилските ракометари ја победија Шведска и ја оставија без осминафинале

А1он

Исландски ракометар ги навреди Хрватите: Сигурно штеделе за да дојдат на овој натпревар

А1он