Металург гостува во Загреб

Од:

Тренерот на Металург, Лино Червар пред денешното гостување кај ППД Загреб во СЕХА лигата, очекува добра игра на неговите избраници против хрватскиот шампион.

– Гостувањето во Загреб за мене е возбудливо искуство. Знам дека нашиот противник е во криза, по поразот од Кристијанштад во Лигата на шампионите, и сигурен сум дека ќе сака пред својата публика да најде начин да ја подигне својата форма, а тоа дополнително ќе ни ја отежни работата. Нашата цел е да одиграме добра сезона и на секој натпревар, па и на утрешниот со Загреб, да играме максимално ангажирано и да покажеме што знаеме. Дали тоа ќе биде доволно за позитивен резултат на  утрешната средба ќе покаже времето, изјави Червар на прес-конференцијата во пресрет на натпреварот.

Марко Нелоски фаворитската улога му ја препушти на домаќинот.

– Го почитуваме Загреб и секогаш е задоволство да се игра против него. Јас немам пријатно искуство од  претходните средби со Загреб, па со нетрпение го очекувам утрешниот натпревар. Домаќинот е фаворит, но на нас е да направиме се возможно и да го изненадиме нашиот противник, рече Нелоски.

Натпреварот ППД Загреб – Металург почнува во 18 часот и е во рамките на 6.коло од регионалната ракометна СЕХА лига.

Би можело да ве интересира

Хрватите и Македонците казнети за фрлањето предмети на мечот со Холандија

Предраг Петровиќ

Спектакл во Вараждин: Македонија и подари бод на Унгарија

Горан Наумовски

ЕХФ: Франција и Германија ќе бидат домаќини на Европското првенство во ракомет во 2032 година

Србија остана без двајца селектори во ист ден

Горан Наумовски

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир