Металург гостува во Бања Лука во СЕХА лигата

Од:

Македонскиот ракометен шампион Металург вечерва од 18 часот ќе го одигра натпреварот од 11.коло од СЕХА лигата против Борац на гостински терен во Бања Лука.

Инаку, ова е еден од трите дуели кои Металург ќе ги одигра во кус периот, бидејќи в сабота за противник го имаат Нексе (на гости), а на 12.декември ќе играат против Мешков Брест исто така на гостински терен.

Вториот македонски претставник во ова натпреварување, екипата на Вардар Про, вчеравечер го победи Загреб КО со 26:23 на домашен терен, додека гостинска победа оствари Мешков Брест против Извиѓач со 31:27, а од оваа рунда во вторникот Нексе – Слога 27:25.

Натпреварот Татран Прешов – Ловќен ќе се одигра на 2.февруари.

Табела: Загреб КО 22 бода (11 натпревари), Нексе 22 (11), Вардар Про 20 (10), Металург 18 (9), Татран Прешов 18 (10), Ловќен 17 (10), Мешков Брест 16 (9), Извиѓач 9 (11), Борац 7 (10) и Слога 0 (11).

Би можело да ве интересира

Озтурк нов ракометар на Металург

А1он

Металург поразен од Чеховски Медведи во Лига Европа

Ана Ололовска

Металург се раздели со двајца странски ракометари

Ана Ололовска

Одложени дуелите на Металург со Чеховски Медведи поради коронавирус

Кастратовиќ за групата на Металург: Нема слаби екипи, не очекуваат тешки натпревари

Ана Ололовска

Металург почнува со Тулуз во групната фаза на Лигата на Европа

Ана Ололовска