Македонскиот ракометен шампион Металург вечерва од 18 часот ќе го одигра натпреварот од 11.коло од СЕХА лигата против Борац на гостински терен во Бања Лука.
Инаку, ова е еден од трите дуели кои Металург ќе ги одигра во кус периот, бидејќи в сабота за противник го имаат Нексе (на гости), а на 12.декември ќе играат против Мешков Брест исто така на гостински терен.
Вториот македонски претставник во ова натпреварување, екипата на Вардар Про, вчеравечер го победи Загреб КО со 26:23 на домашен терен, додека гостинска победа оствари Мешков Брест против Извиѓач со 31:27, а од оваа рунда во вторникот Нексе – Слога 27:25.
Натпреварот Татран Прешов – Ловќен ќе се одигра на 2.февруари.
Табела: Загреб КО 22 бода (11 натпревари), Нексе 22 (11), Вардар Про 20 (10), Металург 18 (9), Татран Прешов 18 (10), Ловќен 17 (10), Мешков Брест 16 (9), Извиѓач 9 (11), Борац 7 (10) и Слога 0 (11).