Металург гостува кај Мешков Брест

Од:

Македонскиот вицепрвак Металург попладнево ќе гостува кај екипата на Мешков Брест во натпревар од регионалната ракометна СЕХА лига.

Тимот од Автокоманда во Белорусија отпатува со цел да му се реваншира на Мешков за минималниот пораз на првата меѓусебна пресметка во Скопје, кога Металург загуби со само еден гол разлика 25:24.

За разлика од Металург кој во досегашните десет одиграни натпревари забележа само две победи, тимот на Мешков со шест победи и два нерешени дуели е на високото четврто место на табелата кое носи учество на „фајнал-фор“.

Натпреварот Мешков Брест – Металург кој ќе започне во терминот од 17:30 часот по македонско време, е еден од двата натпревари денеска во СЕХА лигата. Во вториот денешен меч ќе играат Цеље и Нексе.

На средбите одиграни вчера, беа постигнати овие резултати:
Татран Прешов – Извиѓач 27:25,
Горење Велеље – ППД Загреб 27:26 и
Веспрем – Вардар 28:28.

Табела: Вардар 32 бода, Загреб 22, Веспрем 22, Мешков Брест 20, Цеље 18, Горење  12, Татран Прешов 10, Нексе 8, Металург 7 и Извиѓач 3.

Би можело да ве интересира

Се онесвести на паркет данскиот судија кого го пцуеја Македонците за „грабежот“ против Холандија на СП во Вараждин

А1он

(ВИДЕО) Илјадници граѓани на Бан Јелачиќ ги чекаат хрватските ракометари

Португалија во транс, Мартим ја одведе во полуфинале

Комплетирано 1/4 финале: Кој против кого до битката за медали?

Хрватска го „скрши“ Исланд и се доближи до четвртфиналето

Бразилските ракометари ја победија Шведска и ја оставија без осминафинале

А1он