Металург го предизвикува Киелце

Од:

Македонскиот ракометен шампион Металург попладнево во Киелце го игра реванш натпреварот од четвртфиналето од Лигата на шампионите.

Ракометарите на Металург со негатива од два гола (25:27) ќе го почнат реваншот, но како што напоменуваат и тие ништо не е завршено. Иако, Киелце оваа сезона има три победи над Металург (23:21; 21:20 и 27:25) сите натпревари беа неизвесни, а особено тој во Полска, кој заврши и со најмала разлика.

Тренерот Лино Червар нема да може да смета на повредените Миладин Козлина и на Дамир Батиновиќ, а од порано надвор од составот се Мите Стоилов и Дејан Макасков. На повреда уште се жали голманот Дарко Станиќ, но за очекување е тој да биде на голот на македонскиот првак.

И во редовите на полскиот првак се внимателни, а хрватскиот репрезентативец во нивните редови Мануел Штрлек за интернет страницата на клубот изјави: „Металург е опасен, бидејќи нема што да загуби“.

Која од овие две екипи да се пласира во полуфиналето ќе биде дебитант на „фајнл фор“ турнирот во Келн.

Почетокот на натпреварот е во 17 часот.

Покрај овој натпревар денеска играат уште: Хамбург и Флензбург (32:26 прв натпревар).

Пласман во полуфиналето веќе обезбедија европскиот првак Кил и Барселона.

Би можело да ве интересира

Озтурк нов ракометар на Металург

А1он

Металург поразен од Чеховски Медведи во Лига Европа

Ана Ололовска

Металург се раздели со двајца странски ракометари

Ана Ололовска

Одложени дуелите на Металург со Чеховски Медведи поради коронавирус

Кастратовиќ за групата на Металург: Нема слаби екипи, не очекуваат тешки натпревари

Ана Ололовска

Металург почнува со Тулуз во групната фаза на Лигата на Европа

Ана Ололовска